Сезоната заврши но преписките помеѓу фудбалерот Мауро Икарди и Интер никако да стивнат. Сапуницата добива нова димензија откако аргентинскиот интернационалец најави тужба против клубот.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Икарди и сопругата Ванда Нара која правно го застапува планираат да поднесат тужба за мобинг. Челниците на клубот на фудбалерот му најавиле дека не планираат на неговите услуги и оти ќе тренира одвоено ако не успеат да го продадат.
Односите помеѓу Икарди и Интер нарушени се од почетокот на оваа година откако фудбалерот одби да го продолжи договорот. Интер му ја одзеде капитенската лента а Икарди одби да игра и настана невиден хаос кога и Ванда Нара се вклучи во целата ситуација.
Икарди важечки договор со Интер има до 2021 година а клубот по секоја цена сака да се ослободи пред време и да го продаде, но фудбалерот одбива да разговара со заинтересирани клубови.
OhridNews