По повод 7 Неоември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот, викендов вo просториите на OOУ „Братство Единство Охрид“, во организација на ШК „Ласкер“ Охрид, со подршка на Општина Охрид, се одржа III Општинско првенство во шах „7 НОЕМВРИ –
2023”.
Се играше во 7 кола Швајцарски систем, темпо на игра 10’05. Учество зедоа 27 шахисти, меѓу кои и една девојка.
Најуспешен беше Стојан Велкоски со 6 поени од 7 партии, втор беше Константин Лушески со 5,5 поени, а третото место го освои Александар Алексовски со 5 поени и најдобар бухолц во споредба со шахистите кои имаа 5 поени, Гоце Шапкароски (четврто место), Ерол Су (петто место), додека шестото место го освои Ванчо Видиќевски со 4,5 поени. Најдобар млад шахист роден 2009 и помлад беше Димитри Молкоски со освоени 3,5 поени, информира организаторот.
Во продолжение комплетната конечна табела:
III Општинско првенство во шах „7 НОЕМВРИ – 2023”
Г.М.