Се е подготвено за III-та Меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta” која ќе се одржи утре и задутре во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг”- Охрид.
Настанот е поддржан од Едриличарската Федерација на Македонија, Општина Охрид и Агенцијатаза спорт и млади.
Оваа регата е од големо значење за Охрид која овозможува и продолжување на туристичката сезона/понуда вон летниот период. Учество ќе земат клубовите Ј.К. Палиќ, Бродарски клуб Металац Смедерево, Ј.К.Смедерево од Србија, Централен Софиски Јахт клуб од Бугарија, GKZ(ГКЖ) од Полска и Е.К. Снегар и Акватика Јахтинг од Македонија (се чека потврда за учество и од клубови од Црна Гора и Грција). Ќе се натпреваруваат во класите Оптимист, ILCA 4 и класата 470. Ќе се едри на регатното поле Градско пристаниште-Канео-Горица 1, информираат организаторите.
Трките се предвидени во текот на утрешниот ден и во недела, кога е и прогласувањето на победниците.
OhridNews