На Куп натпреварувањето учетвуваа околу 100 натпреварувачи поделени во неколку категории. Кајак и кану едносед и двосед во машка и во женска конкуренција, од пионери до сениори.
Најуспешен клуб со 352 поени е ККК “Радика” од Дебар, второто место го освои Дрим – Струга со 334, трет Стрмец – Охрид со 208, четврти Глобочица со 33, додека последното петто место му припадна на ККК “Бабуна” – Велес со 26 поени.
Следниот натпревар од 3. Куп на Македонија ќе се одржи во Струга на 10 август.
ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ:
Е. Чакареска (К1 пионерки, Дрим)
Спиркоски/ Чоче (К2 пионери, Стмец)
Казиу (К1 јуниорки, Радика)
Ј. Чакарески (К1 пионери, Дрим)
Михајлова/ Леши (К2 кадетки, Радика)
Николиќ (К1 сениори, Дрим)
Чакарески (К1 кадети, Дрим)
Маркоска/ Чакареска (К2 пионерки, Дрим)
Каја/ Казиу (К1 јуниорки, Радика)
Џамбазоски (Ц1 јуниори, Стрмец)
Николиќ/ Магдис (К2 сениори, Дрим)
Затуроски (Ц1 кадети, Дрим)
В. Трајчевски/ П. Трајчевски (К2 кадети, Стмец)
Чакареска (К1 кадетки, Дрим)
Леши/ Торовари (К2 јуниорки, Радика).