Светската ракометна организација ИХФ ги официјализираше 28-те репрезентации, кои ќе учествуваат на Мундијалот во Египет, следната година. Помеѓу нив немаше место за Македонија, која на Европското првенство не успеа да обезбеди директен пласман а и беше скратена можноста да се бори во баражот со селекцијата на Франција.

Новиот формат на СП, кое ќе се игра со 32 селекции место 24 нуди нова шанса за Македонија. ИХФ оддели две специјални покани за европските селекции, а јавно Македонија посакува една од нив.

Треба да бидеме оптимисти, сметам дека Македонија ја заслужува таа покана. Таков беше случајот во 2015 година, кога профитираше Германија, а според сите стандарди и сега таа покана треба да ја добие држава која доаѓа од континентот на светскиот шампион. Тоа е Данска, а со оглед на нашиот пласман заслужуваме да бидеме дел од тој собир. – изјави селекторот Данило Брестовац.

Во корист на Македонија оди најдобриот рејтинг од подносителите за вајлд-карта, а судбината е во рацете на ИХФ.

Новиот формат ќе ги подели сите селекции во осум групи со по четири учесници, а најдобрите три од секоја група одат во главната фаза каде, пак, во четири групи со по шест тима следи разигрување за нокаут-рунда.

Мундијалот ќе се одржи од 14 до 31 јануари во 2021 година.

OhridNews