Долгоочекуваниот трансфер на Гонзало Игуаин од Јувентус преку Милан во Челси се оствари синоќа, откако „сините“ официјално го преставија аргентинскиот напаѓач.
Популарниот „Ел Пипита“ на Стемфорд Бриџ ќе го носи дресот со бројот девет, а по пауза од неколку сезони повторно ќе работи со Маруцио Сари. Тренерот и играчот сјајна соработка имаа во Наполи.
Местото напаѓач во тимот на Милан во кој последниве шест месеци настапуваше Игуаин ќе го заземе Кристоф Пјатек од Џенова. Полскиот фудбалер сезонава со 13-ет постигнати погодоци е во самиот врв на голгетерска листа во Серија А.
Од преселбата на Игуаин во Челси (можеби) ќе профитира Атлетико Мадрид кој на позајмица во своите редови ќе го доведе Алваро Мората.
OhridNews