Напаѓачот Гонзало Игуаин ја заврши својата епизода во националната селекција, откако објави дека се повлекува од Аргентина. Игуаин во дресот на „гаучосите“ дебитираше 2009 година, а во 75 натпревари постигна 31 погодок.
- Мојата ера во репрезентацијата заврши. Од сега националната селекција ќе ја пратам како гледач од трибините и сигурен сум дека многу луѓе ќе бидат среќни поради тоа. Разговарав со селекторот Скалони и му го кажав својот став. Стојам зад мојата одлука и верувам дека ќе се покаже како добра. Сакам да поминувам повеќе време со својата фамилија и да ја поштедам од стресот поради острите на мојата сметка. – изјави Игуаин.
Популарниот „Ел Пипита“ има сребрен медал од Мундијалот во Бразил 2014, а во финалиња со Аргентина губеше во 2015 и 2016 година во Копа Америка. Моментално, Игуаин настапува во Челси, а претходно ги бранеше боите на Милан, Јувентус, Наполи, Реал Мадрид и Ривер Плата.
OhridNews