Предводникот на Милан, Џенаро Гатузо има главоболка плус, откако Гонзало Игуаин поднесол барање за трансфер односно за заминување од Сан Сиро до челниците на клубот.

Причината поради која Игуаин посакува заминување од Милан се слабите резултати кои ги бележи клубот сезонава. Аргентинецот кој дојде како големо засилување се вклопи во сивилото и постигна само пет голови во првата полусезона од калчо лигата.

Како следна дестинација за Игуаин се најавува Челси. Менаџерот на „сините“, Маурицио Сари и Игуаин имаа успешна соработка во заедничкиот период поминат во Наполи.

Многу веројатно, Алваро Мората да биде уклучен во трансферот и да премине во редовите на Милан. Зимскиот преоден рок кој започнува на 1 јануари ќе даде одговор на ова прашање и на уште други.

OhridNews