Долго време се зборуваше за нарушени односи во соблекувалната на Јувентус. Клубот од Торино никогаш не се изјасни дали е точно цврсто работејќи на остварување на своите планови. „Бјанконерите“ се на прагот од титулата во Серија А а тренерот Маурицио Сари после долго време кажа кој е најголемиот бунтовник во Јувентус.
Постојано читам како сум се карал со сите фудбалери, а единствениот со кого сум имал расправија е Игуаин. Не знам зошто, но отсекогаш било така. Веројатно затоа што понекогаш тој има потреба од агресивен пристап за да го покаже најдоброто на теренот. Еден ден мораш да внимаваш на него и да бидеш нежен, а друг да го стиснеш до ѕид затоа што претерува. – изјави Сари.
Лесно може да се случи Игуаин летово да го напушти Јувентус и да премине во некоја друга средина. За сега името на аргетинскиот фудбалер не се поврзува со друг клуб, но интерес постои од Атлетико Мадрид, Севиља и Борусија Дортмунд.
OhridNews