Најновата аквизиција на Челси, Гонзало Игуаин со два погодоци ја зачини убедливата победа од 5-0 против Хадерсфилд во рамките од 25-та рунда во англиската Премиер лига.
Аргентинецот со дебитанскиот погодок во 18-та минута го отвори резултатот. Во последната минута од првото полувреме Еден Хазард ја дуплираше предноста. Хазард со вториот погодокот на мечот зголеми на 3-0, а Игуаин погоди за 4-0. Убедливиот триумф го заокружи Давид Луиз.
Со триумфот над последнопласираниот Хадерсфилд избраниците на Маурицио Сари се вратија на победничките патеки, откако во претходните два натпревари во Премиер лигата претрпеа исто толку порази.
Резултати: Тотенхем – Њукалс 1-0, Брајтон – Ватфорд 0-0, Барнли – Саутемптон 1-1, Челси – Хадерсфилд 4-0, Кристал Палас – Фулам 2-0, Евертон – Вулверхемптон 1-3, Кардиф – Бурнмаут 18:30ч
OhridNews