Со 123 милиони долари заработка изминатиов викенд во американските кина, првото продолжение од завршниот дел на мегаполупарниот филмски серијал „Игри на гладта“, „The Hunger Games: Mockingjay – Part 1“, заседнал на врвот на листата. Сепак, новиот дел остварил најмала заработка во премиерниот викенд од прикажувањето од останатите филмови на франшизата, во кои главната улога ја глуми остаровката Џенифер Лоренс. Имено, филмот „The Hunger Games“ од 2012 година заработил 155 милиони долари, а „The Hunger Games: Catching Fire“ од 2013 година 161,1 милион долари во премиерниот викенд од прикажувањето.

 

На второто место е остварувањето „Big Hero 6“ со 20 милиони долари заработка, а потоа следува „Interstellar„ на Кристофер Нолан со 15,1 милион долари. Пописот на топ 10 најгледани филмови го сочинуваат и „Глупавиот и поглупавиот 2“, „ Gone Girl“, „ Beyond the Lights“, „ St. Vincent“, „Fury“, „Birdman“ и „ Nightcrawler“.