Игрите на вода се одржуваат на базенот „Aqua Blue“ , во село Волино.
На првиот ден од игрите се натпреваруваа екипите на Црвениот крст од Охрид и на АМАК СП Бофор од Охрид. Победник е екипата на АМАК СП Бофор. Игрите на вода ќе се одржуваат до 28.август кога ќе се одигра големото финале. На летните игри на вода пријавени се и екипите ,,Летна бавча Канео“ од Охрид и ,,Палешинци“ и „Aqua Blue“ од с. Волино. За трите најуспешни екипи обезбедени се пехари, дипломи и симболични награди.