Обичаите и традициите од различни земји  ќе се соединат во рамките на фолклорниот фестивал ” Охридско сонце” што ќе се одржи од денеска  до 31-ви овој месец. Учество ќе земат 30 културно-уметнички друштва од  Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Украина, Турција, Албанија, Словачка, Литванија и Македонија. Предвидени се  фолкролни настапи, дефилеа, културни посети, како и школа што ќе им го прикаже  македонскиот фолклор на учесниците од странство. Гостите, наученото ќе го презентираат два дена пред завршницата на фестивалот во хотелот ” Силекс”.


   
Како што беше објавено на  прес-конференција, фестивалот, кој годинава се одржува вторпат, има за цел да ја  поттикне културата во Охрид и Македонија. Организатори се културно уметничките друштва “Македонка” и “Отекс” од Охрид, како и ” Кочо Рацин ” од Скопје. Покровител на манифестацијата е Општина Охрид.

                                А. Ристоска