Повеќе деца, играорци од Србија, синоќа биле примени во болниците во Струга и Охрид со симптоми на труење од храна.

Тие биле сместени во Евро-хотел во Струга, но консумирале торта од слаткарница во Охрид и пиеле вода од јавна чешма во Св. Наум. Поради тоа со точност не е прецизирано што е причината за акутното труење со храна кај децата.

Државниот здравствен инспекторат соопшти дека денеска е извршена контрола на кујната во Евро-хотел, а земени се мостри и од затекнатата торта и од водата од чешмата во Св. Наум. Инспекторатот најави дека ќе изврши контрола и на слаткарницата во Охрид.

Сите хоспитализирани деца се надвор од животна опасност и се пуштени на домашно лекување.

Ohridnews