Од полициската станица во Кичево соопштуваат дека се работи за лица од културно уметничко друштво „Веселин Маслиеша“ од Бања Лука, кое учествуваше на Балканскиот фестивал. Тие престојувале во Охрид во студентскиот дом „Никола Карев“. Според полицијата играорците на 10.07.2009 година косумирале храна во студентскиот дом и се упатиле кон Кичево каде имале закажано учество на Меѓунареден фолклорен фестивал во попладневните часови кога и ги добиле првите симптоми на труење со храна по што се пренесени во МЦ-Кичево.
По укажаната лекарска помош и примената соодветна терапија, тие биле пуштени на домашно лекување и околу полноќ се упатиле кон Босна и Херцеговина.