Играниот филм „Дедо и внук“ на сценаристот и режисер Илија Пиперкоски во продукција на Pandora’s Box продукција од Охрид, а во соработка со Dream Factory од Скопје и Alien Film од Романија, го започна фестивалскиот живот.
Со својата интернационалан премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина, ПРИФЕСТ 2020, кој е најважниот филмски настан што се одржува на Косово. Познатата актерка и филантеоп, Ванеса Редгрејв е една од помагателите и пријателите на фестивалот. Таа е претседател на почесниот одбор на фестивалот и го поддржува фестивалот промовирајќи го во различни меѓународни кругови. Фестивалот се состои од четири програми за натпреварување: програма за европски филмски натпревар, програма за балкански филмски натпревар (позната и како КРВ И МЕД), натпреварувачка програма со средна должина (составена од филмови во должина од 25-60 мин.) Дебитнатскиот игран филм на Илија Пиперкоски “ДЕДО И ВНУК”, оваа година беше дел од програмата “Крв и мед”, на 12-то издание на фестивалот кое што поради ковид пандемијата се одржа во хибридно онлајн издание.
Asian Cinematography Awards (ACA) е филмски фестивал основан и управуван од професионалци во филмската индустрија на Фондацијата за награди за кинематографија во Манила. Негувајќи ја кинематографската работа фестивалот доделува награди преку целата година на најдобрите кинематографи. На овој фествал наградата за најдобар Директор на Фотографија – Кинематографер ја доби Патру Паунеску за филмот на Илија Пиперкоски – “ДЕДО И ВНУК”.
Филмот го продолжува фестивалскиот живот на фестивалот ДАРДАН фест во Албанија, на крајот од месецот октомври.
OhridNews