После хаосот кој го предизвикала сообраќајна несреќа која се случила на автопат во Кина, тројца учесници во сообраќајката мирно играле карти на патот. Повеќе од 20 возила учествувале во тежок верижен судар во кој загинале тројца луѓе, двајца се наоѓаат во критична состојба, а десетици се повредени.


Новинар затекнал тројца луѓе, постар пар и жена во средни години, како мирно играат карти пред смачканите возила.

„Изгледаше како да не знаат што се случува околу нив“ – рекол шокираниот новинар, Захо Хиоли.