Најдолгиот фудбалски натпревар во светот траел 36 часа. Средствата од натпреварот биле донирани за заболените од менингитис.


Легендарниот напаѓач на Ливерпул, Иан Раш, кој како 5-годишен преболел менингитис изјавил дека овие играчи се неверојатни. Им оддал почит на играчите на двете екипи кои издржале 36 часа, соборувајќи го стариот канадски рекорд од 33 и пол часа. Резултатот, кој бил во втор план завршил со победа на Бристол Академијата од 284 наспрема 255.

Натпреварот го одиграле и во сеќавање на починатиот студент Џејми Бурдет, кој умрел од менингитис пред две години. Секоја екипа имала 18 играчи. Имале 5-минутна пауза секој час, но не смееле да го напуштат теренот.