Криенката во домот на семејството Џасмер во Американската сојузна држава Пенсилванија ги излудела родителите на двегодишното девојче Натали. Таа играла со братот и сестрите и кога и дошол редот да се скрие, тоа го сторила толку добро што никој не можел да ја пронајде. Влегла во фиоката по машината за сушење алишта и заспала.


Загрижените родители ја барале насекаде. Ги повикале и соседите на помош и ја пребарале околната шума, но безуспешно. На крајот повикале полиција и пожарникари. Тие цел час го барале изгубеното девојче, но не успеале да помогнат. На крајот кучето кое живеело со семејството ја намирисало и започнало да лае. Кога видела дека кренала огромна паника рекла дека и е жал и дека едноставно заспала.