Вејд МекГилбери (23) од Алабама, освоил 1 милион долари на бејзбол видео игра. Основачите на играта “Major League Baseball 2K10“ му понудиле на најдобриот играч парична награда ако го оствари “совршениот погодок“.
Вејд неколку недели ја играл пробната верзија пред да го пуштат натпреварот на интернет. Неговата сопруга го поттикнала дури да не оди на работа, туку да седи дома и да вежба. По час и половина играње, успеал да го оствари совршениот погодок. Наптреварот завршил, а по сите критериуми на игра, Вејд бил прв кој ги остварил сите цели.