Тоше ја бодреше нашата репрезентација на гостувањето во Олд Трафорд во Англија кога извадивме реми 0-0 ,а во живо да ја пееше нашата државната химна на натреварот на Градски против Англија на 6 септември 2003 година. Денешниот натпревар ќе почне со едноминутно молчење.
Фудбалската Федерација на Македонија за мечот со Андора реши ширум да ги отвори портите на Градскиот стадион во Скопје, на тој начин оддавајќи му почит на трагично загинатиот Тоше Проески.Македонските репрезентативци во знак на сеќавање на Тоше вечерва на загревање ќе излезат во маички со ликот на популарниот естраден уметник.
Аматерската селекција на Андора е вистинскиот противник за кршењето на лошата среќа и прекинување на тригодишниот пост на на Градски.Под императивот победа вечерва (20 ч.) на Градски во Скопје ќе истрчат нашите момци во желба да ја израдуваат македонската јавност и македоснкито селектор Катанец кој нема победа на домашен терен .
– Селекцијата на Андора ни е стар должник. Ќе сториме се’ да ги израмниме сметките и да ја прекинеме повеќегодишната непријатна традиција без победа – вели капитенот и лидер по бројот на настапите во државниот дрес Гоце Седлоски, кој вечер по 80 –ти пат ке го облече дресот на најдобриот државен тим.
Време е за победа
Македонија последен пат победи на квалификациски натпревар за СП 2006, во август 2004 година, против Ерменија (3-0). Во истиот квалификациски циклус, Македонија се сопна на Андора, која во Ла Вела забележа прва историска победа (1-0), а во Скопје се избори за реми (0-0).
Против Андора, на првиот натпревар во овој циклус Македонија, под водство на Катанец како гостин ја забележа првата меѓусебна победа од 3-0. Пандев ,Наумоски и Новески беа стрелци на головите .
Фудбалерите на Охрид во рамки на 17-то коло од Втората македонска фудбалска лига денес гостуваат кај екипата на Арсими Натпреварот се игра денес со почеток во 14 часот на стадионот во Гостивар Ohri...
Ракометарите на Охрид во рамки на 19-то коло денес гостуваат кај Тинекс Пролет во Скопје Овој меч е важен за „гладијаторите“ за рехабилитација по поразот од Е Пелистер во дербито и задржување на че...
Битката за плеј-оф местото почнува од овој викенд кога кошаркарите на Охрид во рамки на 15-то коло од Втората кошаркарска лига ја пречекаат екипата на Соколи од Штип Дојдете и бидете нашиот 6-ти иг...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.