Не мора да бидете репрезентативец, доволно е со пријателите да поиграте фудбал три пати неделно и вашето срце ќе ви биде благодарно.

Играњето фудбал три пати неделно е поврзано со подобрување на низа показатели за здравјето на кардиоваскуларниот систем, покажало истражување на Универзитетот Exeter. Што е најинтересно, во истражувањето учествувале жени.

После 15 недели забележано е просечно намалување на систоличниот крвен притисок за 12 мм на живиниот столб и дијастоличен крвен притисок за просечно 6 мм на живиниот столб.

Со подобрувањето на состојбата на кардиоваскуларниот систем, редовно играње фудбал кај испитаниците довело до општо подобрување на физичката форма и четири пати побрзо намалување на масното ткиво отколку кај неактивните учесници во истражувањето од контролната група, пишува Journal of Science and Medicine in Sport.

Покрај тоа, фудбалот бил поврзан и со намалување на концентрацијата на триглицериди и холестерол во крвта.

Претходни истражувања за позитивните ефекти од играњето фудбал биле фокусирани на млади средовечни мажи.

извор:metro-portal.hr