Светското првенство во Египет ќе се игра пред празни трибини, откако Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), попушти пред притисокот кој го направија играчите изминатиов период.
Играчите не ја прифатија најдобро идејата од ИХФ за публика на трибините, која пак, постепено сакаше да го зголемува бројот на гледачи. Прв и најгласен во реакциите беше првата виолина на Данска, Микел Хансен, кој се закана со неиграње, ако има публика на трибините. Потоа продолжи Сандер Сагосен од Норвешка и уште дузина други ракометари, кои упатија јасна порака до ИХФ.
Светската куќа на ракометот и Египет, беа приморани да ја „жртвуваат“ публика, а да ги нагостат селекциите со сите ракометари во составот.
Муднијалот во Египет стартува на 13 јануари.
OhridNews