Фудбалерите на Охрид, денеска, во 16 часот, на терените од Фудбалската федерација на Македонија, против тетовска Ренова, го играат бараж натпреварот за учество во Првата македонска фудбалска лига следната сезона.

Денешниот бараж натпревар е најзначајниот натпревар во поновата охридска фудбалска историја. Охриѓани десет години мечтаат за прволигашки клуб, а до сето тоа ги дели само еден меч, само 90 минути, кои можат да исполнат многу соништа и да променат многу работи на подобро во охридскиот фудбал.

„Рибарите“ го положија секој испит сезонава во второлигашката конкуренција, а денеска, следува главниот, во кој фудбалерите покрај максимумот на теренот ќе треба да го остават и срцето.

Затоа играјте за вас, за нас, за Охрид! Напред Охрид!

OhridNews