Шестата сезона од светски популарната серија „Игра на тронови“ („Game of Тhrones“), ќе се снима во Македонија, објави бриотанскиот интернет портал „express.co.uk“. Истиот извор наведува дека серијата ќе се снима на брегот од Охридското Езеро, а покрај Охрид продукцијата ги одбрала уште Прилеп и Криволак.

Во веста Охрид е опишан како голем и град кој има многу стари села кои се наоѓаат во планини и шуми. Охрид и Прилеп се многу питорескни предели, а Криволак e неплодна планинска област, пишува британскиот портал.

Претходните пет сезони од серијата се снимаа во Хрватска, Мароко, Северна Ирска и на Исланд.

OhridNews