„Игра на престолот“ е најспуштаната серија оваа пролет, пренеле електронските медиуми. Драмата на телевизијата HBO со 5,2 милиони илегални спуштања по епизода речиси го достигнала бројот на публиката која ја гледа легално, 5,5 милиони.
На второто место се нашла серијата „Бубалици“ со 2,9 милиони спуштања. а на третото „Како ја запознав вашата мајка“ со 2,85 милиони. Во топ пет се нашле уште и „Ханибал“ и „Викингс“. Последната епизода од третата сезона на „Игра на престолот“ го соборила рекордот со 170 илјади симултани делења на сајт за нелегално спуштање музика, книги и видеа „БитТорент“, а самата серија е прогласена за „Најпиратизирана“ во 2012.