Во онлајн продавницата за игри на „Aple“, играта “Bubble Ball” станала најпродаваната апликација за ајфон, претекнувајќи ги игрите на кои работеле цели тимови од експерти, како играта “Angry Birds”, која ја направиле 17 професионалци од Финска. Правилата на играта се едноставни, потребно е само да се движи едно сино топче преминувајќи разни препреки.
Тинејџерот Роберт Неј кој има 14 години ја направил играта во својата соба не сонувајќи колкава популарност ќе достигне. Набрзо по објавувањето играта станала вистински хит. Роберт набрзо по успехот основал своја компанија, преку која ја објавил својата игра.