Националните фудбалски федерации од Европа заедно со УЕФА бараат модул по кој ќе ги завршат првенствата и ќе ги доиграт мечевите во европските натпреварувања. Опции за доигрувања на првенствата има многу додека во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа се е кристално јасно бидејќи во фаза се елиминациските натпревари.

Еден од поискусните тренери во европскиот фудбал Клаудио Раниери смета дека опција не треба да биде играње пред празни трибини и на неутрален терен.

Се зборува мечевите се играат на неутрален терен и пред празни трибини. Со таков предлог воопшто не се согласувам. Нека продолжи сезоната како што треба или воопшто нека не се игра фудбал. Опцијата да се игра пред разни трибини ќе биде смрт за фудбалот. – изјави Раниери.

Тој додаде дека прво треба пандемијата на коронавирусот да застане, ситуацијата во земјите да се смири и добро да се размисли пред да се означи почеток или продолжение на сезоната.

Здравјето од сите треба да ни биде приоритет. Потоа, треба да се создадат вистински услови за спортот да продолжи. Фудбалерите и спортистите не се машини и тие мораат да бидат во исклучиво здрава средина. Во спортот не се дозволиви попусти кога се работи за здравјето на спортистите. – додаде Раниери.

Единствено, конечна одлука за националниот фудбалски шампионат донесе Белгија која ги прекина натпреварите и за шампион го прогласи лидерот на табелата, Клуб Бриж.

OhridNews