Најдобриот македонски автомобилист и трикратен европски првак Игор Стефановски – Иџе заврши третопласиран на последната трка во рамки на Европското шампионат на ридски патеки која изминатиот викенд се одржа во хрватскиот град Бузет, што му беше доволно да го потврди првото место во групата 1 во ова европско натпреварување.

Стефановски во објава на социјалните мрежи истакна дека овој голем успех не е само негов личен, туку и на целата држава.

Овој успех не е само мој, туку на цела Македонија. Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим,тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна поддршка во сето ова, напиша Стефановски на својот Фејсбук профил.

Стефановски, кој сезонава настапуваше со Ферари 488 Челинџ Ево, го освои првото место во групата пред Чехот Рони Братшчи и Хрватот Домагој Перековиќ.

OhridNews

фото. МИА