Македонскиот автомобилист Игор Стефановски имаше денеска забележителен старт на новата сезона во првенството на ТЦР Италија, освојувајќи го четвртото место на патеката во Монца во конкуренција на 24 возачи.

Стефановски стартуваше од четвртата позиција на дождливата патека, но веднаш изби на лидерската позиција на која остана осум минути пред да биде престигнат од крајниот победник на трката и актуелен шампион Салваторе Тавано.

Зад Тавано, кој попладнево стигна до својата 21 победа во кариерата, се пласираа Анти Бури и Ерик Бригољари, додека Кевин Чекон заврши како четвртопласиран, а Стефановски имаше петто време. Сепак, поради казната од пет секунди за Бури, Финецот од втората се спушти на петтата позиција, овозможувајќи му на Стефановски да се искачи место погоре и да заврши на четвртото место.

Втората трка од новата сезона е на програмата e денеска, со почеток во 10:10 часот.

OhridNews