На истекот од летниот преоден рок, Градскиот фудбалски клуб Охрид, ги засили своите редови доведувајќи го  фудбалерот задолжен за голови, Игор Клечкароски.

Напаѓот кој доаѓа од Лабуништа со „рибарите“ потпиша едногодишен договор. Најверојатно, голгетерот ќе биде регистриран и ќе има право за настап на неделниот натпревар со Гостивар во рамките од втората рунда во Втората МФЛ.

Стружанецот најдобрите моменти во богатата кариера ги имаше токму во Охрид. Клечкароски беше ударна игла во нападот на ФК Охрид 2004 во сезоната кога клубот успеа да обезбеди влез во Првата лига. Левоногиот фудбалер заврши како најдобар стрелец а се уште кружат головите од легендарниот натпревар со Тиквеш на СРЦ „Билјанини Извори“.

Клечкароски ќе биде вистинско освежување и засилување за охридскиот состав кој има намера да обезбеди опстанок и пушти корени во Втората лига.

Од клубот замина голманот Оливер Митрески кој се пресели во Лабуништа.

Мх.П.