Напаѓачот Игор Клечкароски втората полусезона во македонскиот фудбал ќе ја продолжи во битолски Пелистер кој се натпреварува во Втората лига.


Клечкароски првата полусезона ја помина во сенка во тимот на Силекс во кој не добиваше премногу шанса за докажување.

Стружанецот настапи само три пати во дресот на кратовчани, што беше доволен показател на некогашниот голгетер број еден на „рибарите“ да замине од Кратово.

„Зелено белите“ започнаа играчка и организациска реконструкција во тимот доведувајќи нов тренер и фудбалери.

За шеф на стручниот штаб назначен е Миле Димов, а нови фудбалери покрај Клечкароски се Благојче Коњарски, Благојче Марковски и Владимир Митревски.

Второлигашот спогодбено договорите ги раскина со Нинослав Додевски, Петар Љамчевски, Христијан Лавуровски, Антонио Стојковски и Денис Димитриоски.

Втората полусезона во второлигашкото друштво Пелистер ќе ја започне од 4-та позиција на табелата со четири бодови помалку од лидерот Љубанци.

OhridNews