Селекцијата на Шпанија триумфираше на последното Европско првенство кое се одржа овој јануари во три земји (Австрија, Норвешка и Шведска). „Црвената фурија“ во финалето ја совлада Хрватска со 22-20 и го одбрани тронот во европскиот ракомет. Клучниот момент во финалето во Шведска беше одлуката на македонските судии Ѓорги Начевски и Славе Николов во 59-та минута од натпреварот. Начевски кој беше на центарот без размислување му ја одзеде топката на Игор Карачиќ. Поранешниот ракометар на Вардар неправилно ја водеше топката. После три месеци, Карачиќ призна дека биле чекори наспроти Лино Червар, кој директно ги обвини македонските судии за поразот во финалето.

Им симнувам капа на македонските судии за тоа што го направија. Во неврзан муабет подоцна ме прашаа како ми се случи тоа, а јас едноставно не можам да објаснам. Во тој момент, во главата ми се 300 акции и мислите дека ја водите топката, а всушност не ја топката. Не им замерувам во ниеден момент, одлуката беше таква каква што требаше да биде. На крај треба да бидеш човек, да прифатиш тоа што е, да не предизвикуваш глупости. – изјави Карачиќ во интервјуто за „Балкан Хендбол“.

OhridNews

Начевски: Убеден бев дека Карачиќ направи чекори (видео)

Грешката во чекори на Карачиќ ги отпиша хрватите, Червар ги опцу македонските судии!

Начевски и Николов маестрални, Шпанија старо-нов ракометен шампион на Европа!