Репрезентативецот на Хрватска, Игор Карачиќ е ракометарот со најголема заработувачка во двократниот европски шампион, Вардар, пренесува „Handball TV“ од анализата спроведена изминатиов период.
Моменталниот член на полски Киелце во една од деветте сезони во Вардар заработувал 15 500 евра месечно. Само 500 евра помалку од Карачиќ заработувале Тимур Дибиров и Даинис Кристопанс.
Платите во Вардар „скокнал“ по доаѓањето на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Претходно најголема месечна плата имал Рајко Продановиќ (3.500 евра), потоа границата од 4.500 евра ја пробил Илија Абутовиќ. Прв со месечна плата од 6.000 евра бил Алекс Душебаев.
Душабаев и Абутовиќ биле први со примања од 9 000 евра, а границата од 10 000 евра ја пробил Арпад Штербик.
Од македонските ракометари најголема плата имал капитенот Стојанче Сотилов, 10.000 евра, колку што во еден период заработувале Дуешебаев, Сташ Скубе и Вуко Борозан.
OhridNews