Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ со титула европскиот шампион и признание за најкорисен играч на завршниот турнир во Келн ќе се прости од дресот на Вардар.
Карачиќ одигра маестрален турнир. Тој беше мозокот на екипата во напад и секогаш наоѓаше решение за одбранбениот бедем на противникот. Хрватот после крунисувањето на Вардар може да си замине како победник и шампион, што е најважно.
Наградата за најдобар стрелец му припадна на Алекс Душабајев кој постигна 95 погодоци во текот на целата сезона.
OhridNews