Охридските ракометари, во дербито на колото во Супер лигата ќе го пречекаат скопски Пролет. Пресметката во СРЦ „Билјанини Извори“, за охриѓани ќе биде прилика за задржување на максималниот ефект во ракометната елита, додека за Пролет, ќе биде шанса за реванш за поразот во првата дерби средба сезонава.
После осум мечеви, забележавме исто толку победи. Но, се уште сме гладни за натпревари и победи. Во дерби натпреварот со Пролет влегуваме максимално мотивирани. Посакуваме победа со која ќе го продолжиме добриот низ во Супер лигата. Екипата на Пролет е составена од млади ракометари, со голем потенцијал, а дополнителен плус ќе биде доведување на новиот ракометар од странство. Мислам дека гледачите, кои ќе одлучат да го пратат нашиот натпревар нема да зажалат. – изјави српскиот интернационалец Игор Чагаљ.
Дерби дуелот се игра утре (вторник), со почеток во 18 часот. Натпреварот се игра без присуство на публика, а линк за следење во живо ќе поставиме еден час пред почетокот на мечот.
OhridNews