Игор Ангеловски кој како селектор ја предводеше македонска фудбалска репрезентација на Европското првенство во фудбал се најде во финалниот избор за нов тренер на турскиот гигант Фенербахче.

Ангеловски имал средба со првиот човек на Фенербахче Али Коч кој бил импресиониран од работата и залагање на Македонецот.

Во текот на оваа недела Фенербахче ќе го назначи новиот тренер, а најверојатно ќе биде Ангеловски.

За потсетување, А репрезентацијата со Ангеловски на клупата во период од шест години напредуваше шеесеттина места на ФИФА ранг листата, а круна на се беше пласманот на ЕУРО 2020.

OhridNews