Македонската фудбалска репрезентација освои бод на гостувањето во Талин ремизирајќи 3-3 со селекцијата на Естонија во третата рунда од Ц лигата во УЕФА лигата на Нации „Црвено жолтите“ иако поведоа со 1-0 во финишот од натпреварот со два погодоци се спасуваа од пораз.
Со оглед разликата во квалитет разочаран сум од бодот во Талин. Морав да им дадам шанса на некои други фудбалери бидејќи оние кои го понесоа товарот со Косово мораше да ги одморам. Моја работа е да им понудам место и шанса на фудбалерите, а на нив останува дали ќе ја искористат.Што се однесува до натпреварот. Тој имаше многу добар ритам. Ние брилиравме во финишот и вистинска штета е што не постигнавме уште еден погодок. – изјави селекторот Игор Ангеловски.
А репрезентацијата на 14 откомври на домашен терен ја пречекува Грузија. Во ноемврискиот циклус ќе се сретне со Естонија во Скопје односно со Ерменија во гости.
OhridNews
Лига на Нации: Кам бек на Македонија за реми со Естонија во Талин (видео)