А репрезентацијата, утревечер, во Букурешт, против селекцијата на Романија ќе ги започне квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Катар. „Црвено жолтите“ со одредени проблеми отпатуваа во Романија, но најбитно е што атмосферата во репрезентацијата е добра и репрезентативците подготвени се за борба со домаќинот.
Како селектор посакувам да ги имам најдобрите, но и во вакви околности ќе се обидеме да го извадиме максимумот од фудбалерите. Но за Македонија е најважно да функционираме како тим.
Ја респектираме романската селекција, имаат одлични фудбалери, но ние потврдивме и во Лига на нации и во претходните квалификации дека можеме да се носиме со силни противници и не гледам причина да не биде така и на стадионот во Букурешт, – изјави селекторот Игор Ангеловски.
Адут за откривање на добрите и лошите страни во романската селекција е Бобан Николов, кој три сезони настапуваше во Виторул, а претходно неколку години поминал во неколку фудбалски школи во Романија. Тој изјави дека и покрај големото пријателство кое го има со романските репрезентативци посакува победа и три бодови за Македонија.
Се радувам на можноста да се видам и да настапувам против моите поранешни соиграчи, кои ги знам долго време. Романија е фаворит, но ние си имаме јасни цели и планови, кои се надевам дека ќе ги исполниме на дуелот со романците и воопшто во квалификациите, – рече Николов.
Утрешниот натпревар се игра во 21 часот.
OhridNews