А репрезентацијата со гол од пенал во судиското продолжение обезбеди реми со Грузија (1-1) во четвртата рунда од лигата Ц во УЕФА Лигата на Нации. Прецизен од белата точка беше Езџан Алијоски. Претходно, грузијците поведоа со 1-0, а имаа и фудбалер повеќе после црвениот картон на голманот Столе Димитриевски.

Натпреварот со Грузија покажа дека Македонија никогаш не се предава. Без разлика на се покажавме карактер и се издигнавме од проблемите. Сите заслужуваат честики, почнувајќи од капитенот, па до секој фудбалер за максималната борбеност до крај. Не е чесно да се играат три меча, кој со аналгетици кој со повреди стегна заби, но на крајот мислам ја остваривме целта. Ние и после овој циклус сме први во групата. – изјави македонскиот селектор, Игор Ангеловски.

Селекторот на Грузија, Владимир Вајс жали за преостанатите два бодови во Скопје. Грузија беше блиску до триумф, но Македонија со гол во финишот се спаси од пораз.

Заслуживме да победиме. Не искористивме убави шанси, а немаше ни прекршок за пенал за Македонија. Во секој случај, не можам да сум среќен затоа што Македонија играше со десет играчи и постигна гол. – изјави Вајс.

Дуелот од четвртата рунда во лигата Ц во УЕФА Лигата на Нации беше генерална проба за финалето во плејофот каде што повторно силите ќе ги одмерат селекциите на Македонија и Грузија, но овој пат во Тбилиси.

OhridNews

 

ЛЕ: Македонија и Грузија го поделија пленот, Алијоски од пенал стрелаше за реми (видео)