Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Романија (25. март, Букурешт), Лихтенштајн (28. март, Скопје) и Германија (31. март, Дуизбург), од квалификациите за Светското првенство 2022 изјави дека повиканите фудбалери се подолг период заедно и заслужуваат место во националниот тим.

Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност, рече селекторот.

Ангеловски додаде дека како човек и како селектор никогаш не би одзел заслужено место во репрезентацијата.

Ако фудбалерот местото го заслужува со односот и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа немам јас право да му го одземам, – дециден беше Ангеловски.

Подготовките за трите мечеви од стартот на квалификациите, Македонија ќе ги започна 22 март.

OhridNews

 

СП: Селектор Ангеловски со проверени сили на стартот од квалификациите