Репрезентацијата на Полска со победата над Македонија (2-0) на Националната арена во Варшава го обезбеди учеството на Европското првенство следната година. Полјаците отпорот на жилавата Македонија го скршија во завршните 20-тина минути со головите на Франковски и Милик.

  • Немам никакви забелешки кон моите фудбалери, особено за борбеноста и ангажираноста во текот на целиот натпревар. Против една Полска издржавме 75 минути и навистина ми е многу жал што по една наша грешка противникот го отвори резултатот. Знаеме против каква селекција игравме и токму нивното искуство од вакви мечеви го реши вечерашниот победник. Исто така морам да напоменам дека доколку ги имав сите фудбалери на располагање ќе беше многу поразлично на терен. – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Тој поради повреди на располагање за дуелите со Словенија и Полска ги немаше Енис Барди и Дарко Велковски, а дополнително отпадна Иван Тричковски, кој се повреди со словенците во Скопје.

Македонската фудбалска репрезентација квалификациските мечеви ги продолжува во ноември против Австрија во Виена.

OhridNews

ЕП: Македонија поразена во Полска (видео)