Репрезентацијата на Македонија претрпе нов пораз во фазата по групи на Европското првенство во фудбал откако изгуби од Украина со 2-1, на Националната арена во Букурешт. „Црвено жолтите“ во првиот дел примија два погодоци, а далеку подобрата игра во второто полувреме ја заокружија само со еден погодок, кој не беше доволен за позитивен резултат.

Одигравме меч со две различни полувремиња. Сакавме да влеземе претпазливо, а во второто да бидеме поофанзивни. Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија. Покажавме дека имаме квалитет и дека заслужено сме на Европско првенство. Жалиме поради тоа што не им возвративме на нашите навивачи со позитивен резултат. Аплаузите на нашите навивачи на крајот на натпреварот покажуваат дека сме играле добро, без разлика на поразот.  Ни престои натпревар со Холандија која е апсолутен фаворит. Сепак, се надевам дека на тој меч ќе успееме да стигнеме до првите бодови на едно Европско првенство, – рече селекторот Игор Ангеловски.

„Црвено жолтите“ после два одиграни мечеви се последнопласирани на табелата, додека украинците ја делат втората позиција со австриската селекција.

OhridNews

 

Бледото прво полувреме пресуди, Македонија поразена од Украина (видео)