Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и официјално го избра тренерот на Работнички, Игор Ангеловски за селектор на А репрезентацијата.


Ангеловски по заминувањето на Љубинко Друловиќ беше назначен за временска решение (вд) селектор и ја водеше Македонија во два контролни натпревари.

Предводникот на „романтичарите“ потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на уште две.

Новиот селектор ќе има полни раце работи во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

Ohridnews