Можеби не е најзначајната, но победата над Германија во Дуисбург е најголемата во македонска фудбалска историја. „Црвено жолтите“ сплотени и храбри и одржаа час по херојство и играње со срце на германската селекција која пораз во квалификациите за Светско првенство немаше вкупно 20 години. Македонските репзентативци славеа со 2-1, благодарание на головите постигнати од Горан Пандев и Елиф Елмас. За домаќините стрелаше Илкај Гундоган од белата точка.
Фудбалерите уште еднаш ги надминаа своите можности, победувајќи репрезентација која четири пати го освојувала трофејот на Светските првенства. Фудбалерите се херои, затоа што уште еднаш ја обединија и ја кренаа на нозе целата нација. Никогаш не сме победиле репрезентација со вакво педигре, затоа сум среќен и горд на момците. Сега следува пауза и одмор, во кој ќе мора да се одмориме и да сватиме што точно сме направиле. Ова е триумф за сите, но јас ќе и го посветам на сопругата која моментално се бори со вирусот ковид -19, – изјави селекторот Игор Ангеловски.
Селекторот на Германија, Јоаким Лев, ја пофали играта и тактичката поставеност на Македонија и го призна поразот.
Ова не беше добар ден за нас. Не игравме убаво. Немаше проток на топката, едноставно катастрофално. Наспроти Македонија која знаеше што сака и го одработуваше. Имавме проблем со нивната контра и полу контра. Мора да вложуваме повеќе енергија во мечевите за репрезентацијата, ќе разговарам со играчите, – рече Лев.
Ерменија со девет бодови е лидер во групата Ј, а потоа следуваат Македонија и Германија со шест бодови. Романија со три поени е четвртопласирана, пред Исланд и Лихтенштајн.
OhridNews
Легендардната изрека на Линекер доби нова верзија
СП: Сензација во Диусбург, Македонија ја тресна Германија! (видео)