Името на Игор Ангеловски со златни букви ќе биде испишано во македонска фудбалска историја, откако тој заедно „црвено жолтите“ низ Лигата на Нации обезбедија пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи следната 2021 година. Но не се знае дали Ангеловски ќе ја предводи Македонија на континенталниот собир, затоа што неговиот договор е важечки до 2020 година. Почетокот од новата година ќе донесе преговори помеѓу Ангеловски и врвот од Фудбалската федерација на Македонија.
Мојот договор со Фудбалскиот сојуз на Македонија истече и не знам дали воопшто ќе го продолжам. Што се однесува до мене, расположен сум за работа, но сега сè е на лидерите на националниот сојуз и треба да почекаме за нивната одлука. Дотогаш уживам да бидам со моето семејство, сопругата Тања, ќерките Луна и Лео, како и синот Лука. Тие страдаа многу поради моите обврски и ова се моментите што на сите ни требаат сега. – рече Ангеловски во интервју за телевизијата „Арена Спорт“.
Селекторот откри дека планот бил Македонија да се бори за ЕП во 2024 година, но тој и неговите воини во „црвено жолти“ дресови оствариле друг план, оној од соблекувалната, репрезентацијата да игра на ЕП следната година.
Тоа не беше ни задача поставена од Фудбалскиот сојуз, бидејќи нивниот план беше да ја пласираат репрезентацијата преку следниот циклус за Европското првенство во 2024 година. Но, тоа беше мојата лична цел и неизмерно сум среќен што ја постигнавме. Играчите се тие што постигнаа добри резултати, а јас сум само некој што ја собра оваа група момци околу истата цел и ги пофали што ме направија најсреќниот човек на светот. – изјави Ангеловски.
Македонија во групната фаза на Европското првенство силите ќе ги одмери со Австрија, Украина и Холандија. ЕП се игра од 11 јуни до 11 јули.
OhridNews