Екипата на Игокеа триумфираше на премиерното издание на меѓународниот кошаркарски турнир за јуниори кој викендов го организираше кошаркарскиот клуб АВ Охрид во спортската арена „Билјанини Извори“.
Кошаркарите на Игокеа до трофејот на турнирот на кој учествуваа екипи од целиот Балкан стигнаа победувајќи го составот на Партизан со убедливи 82-58 во финалниот натпревар.
Бронзениот медал од турнирот со меѓународен карактер им припадна на кошаркарите на Слобода од Тузла кои во малото финале по голема борба го совладаа домаќинот АВ Охрид 68-64.
Наградата за најкорисен играч на турнирот замина во рацете на Илиќ од Игокеа, најдобар стрелец со 81 поен беше прогласен Јакуповиќ од Слобода додека фер плеј признанието им припадна на домаќините.
Резултати:
Група А: Игокеа – Слобода Тузла 59-49, Игокеа – МЗТ Скопје 91-66, Слобода Тузла – МЗТ Скопје 64-59.
Група Б: Партизан – Работнички 67-63, Партизан – АВ Охрид 77-76, АВ Охрид – Работнички 63-60.
Мало финале: АВ Охрид – Слобода Тузла 64-68
Финале: Игокеа – Партизан 82-58
Мх.П.