Селекцијата на Македонија со триумфот над Словенија (2-1) во Скопје не` само што ги задржа, туку и ги зголеми шансите за пласман на првите две позиции во групата од евроквалификациите кои носат директен пласман на континенталниот собир следната година. „Црвено жолтите“, предводени од Елиф Елмас ја решија Словенија и се искачија во топ 3 репрезентации на табелата.
- Проблеми имавме многу, но момците се издигнаа од се одиграа феноменален натпревар. Се бореа и жртвуваат за националнот дрес, едноставно гинеа на теренот и најпрво сакам да им честитам а потоа да им кажам дека сум многу горд. Ќе славиме заедно исто како што тагуваме заедно во поразите. За изданието на Елмас немам зборови, бидејќи се што имаше тој го покажа на теренот. – изјави селекторот Игор Ангеловски.
Тој посочи дека тој и сите во селекцијата веднаш се насочуваат кон Полска кој е следен ривал на „црвено жолтите“ во квалификациите. Полјаците се лидери на табелата.
- Сега ни се зголемија шансите да ја исполниме целта. Концентриран сум само на Полска, на последните два натпревари не размислуваме. Покажавме во Скопје дека можеме да се носиме со нив. Ќе одиме да играме фудбал и да освоиме бод и ако ни се укаже можност и три. Стефан Ристевски беше исцрпен, Адеми се повреди, но за брзо ќе ни се врати Бејтулаи и кој да игра ќе игра за Македонија. – додаде селекторот.
Мечот во Полска се игра в недела.
OhridNews