Министерот за надворешни работи на молдавскиот сепаратистички регион Транснистрија, Виталиј Игнатјев изјави дека е посветен на постигнување независност и на евентуално обединување со Русија.
Тој на прес-конференција во Москва истакна дека Транснистрија ќе ги следи целите утврдени на референдумот во 2006 година.
Транснистрија или Приднестровие граничи со Украина, а на 2 септември 1990 година прогласи независност од Молдавија, додека од 1992 година во регионот има распоредено руски мировни сили. Според аналитичарите рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја преземе контролата над Транснистрија, каде живеат околу 470.000 луѓе.
ЕУ во јуни и додели кандидатски статус на Молдавија.
OhridNews