Пако Рабан ги навикнал своите љубители на бројни изненадувања, па така нивно ново заштитно лице станал стариот рокер Иги Поп. Рок ѕвездата, која има 64 години, со воодушевување го прифатил својот нов ангажман.


Новата линија парфеми Пако Рабан “Black XS L’Exces” ќе има машка и женска линија, а новата кампања ќе биде лансирана во јануари. На сите реклами ќе се појави Иги Поп, како ново заштитно лице на популарниот козметички бренд. Новите мирисни ноти ќе бидат достапни на пролет во 2012 година.